Фудбалската федерација на Македонија денес ја претстави генералната стратегија „Обединети од фудбалот 2021-2025“ во која е прикажан пристапот и работата на организацијата во следните пет години.
Сега кога ги остваривме нашите стратешки фудбалски цели и интереси, може да го свртиме погледот кон иднината што сите ја посакуваме за македонскиот фудбал. Заеднички покажавме дека невозможното за нас е можно. Таков е нашето учество во баражот за Светското првенство, поддршката на нашите клубови, изградба на фудбалската инфраструктура, поддршката за нашите фудбалски академии. Во име на ФФМ се борам македонскиот фудбал да оди напред. И покрај тешкиот период и притисокот од пандемијата, нашето фудбалско семејство никогаш не било поповрзано. Целата нација сака успех и во иднина. Репрезентациите кои го донесоа успехот се врвот на нашето работење. Нашите заложби се развој и уште подобри резултати, а тое ќе го направиме во следните пет години со стратегијата „Обединети од фудбалот 2021-2025“, рече во своето излагање првиот човек на ФФМ, Муамед Седјини.
ФФМ својата работа во идните пет години ќе ја темели на седум принципи. Нив ги промовира генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Седумте столбови на која ќе се базира стратегијата „Обединети од фудбалот 2021-2025“ се имиџ и вклученост; партиципација; натпреварувања; елитен фудбал; приходи; инфраструктура и добро раководење. Во ФФМ знаат дека реализацијата на зацртаните цели нема да биде лесна, но убедени се дека со посветена работа може да се изработи и македонска стартегија за женски фудбал „Повеќе жени повеќе голови 2021-2025“ која ќе ја промовира во наредниот период, рече Поповски.
OhridNews