Себастијан Фетел уште во Q3 ги заврши квалификациите за ГН Сингапур заради проблемите со предната амортизација. Четирикратниот победник на оваа трка смета дека првиот ред бил за него лесно остварлива цел ако не беше овој проблем. Рикардо каснеше зад Розберг за 0,531 секунди што значи дека според своето мислење Фетел би влегол во овој заостаток.
“Голема штета. Мислам дека болидот ми беше спремен за првиот ред. Незнам што и зошто се случи со амортизацијата но во тој момент возев на три тркала. Мораме да истражиме зошто се скрши стабилизаторот“ – објасни победникот на Сингапур во 2011/12 и 2013 во болидот на Ред Бул и 2015 со Ферари.
“Се трудев да влезам пак на патеката. Механичарите беа спремни да направат се но немаше време. Она што ми дава надеж за утрешната трка е дека имам многу гуми на располагање. Ова е трка со малку шанси за претекнување но се` се случува на оваа патека на која често има и Безбедносно Возило.“ – Изјави германецот кој утре ќе стартува од боксот.
За потсетување е 2008 година кога во Сингапур се оддржа првата трка , а воедно и првата ноќна трка, кога се случи најголемиот скандал во F1 наречен “Chrashgate“. Имено во 14-иот круг Нелсон Пике кој возеше за Рено доби наредба од тимот и намерно се удри во зидовите откако неговиот тогашен тимски колега Алонсо излезе од боксот и го презеде водството во 15-тиот круг.
Откако влезе сигурносното возило сите влегоа во боксовите, а Алонсо ја презеде лидерската позиција која не ја испушти до крајот и го оствари тогаш 50-тиот подиум.
OhridNews