Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел е победник на трката за ГН на Малезија. Во Сепанг највиско на подиумот се искачи Фетел, пред Џенсон Батон од Мекларен и Ник Хајдфелд од Рено.


Не се случило од 2004 година еден пилот да ги добие воведните две трки од шампионатот. Последен пат тоа му успеа на Михаел Шумахер. 

Шампионот Себастијан Фетел доминираше на трката во Сепанг исто како што тоа го направи во Мелбурн.

Пласман:

Поз  Возач         Тим                        Време
1. Фетел Red Bull-Renault 1ч37:39.832
2. Батон McLaren-Mercedes + 3.261
3. Хајдфелд Renault + 25.075
4. Вебер Red Bull-Renault + 26.384
5. Маса Ferrari + 36.958
6. Алонсо Ferrari + 37.248
7. Хамилтон McLaren-Mercedes + 49.957
8. Кобајаши Sauber-Ferrari + 1:07.239
9. Шумахер Mercedes + 1:24.896
10. Ди Реста Force India-Mercedes + 1:31.563
11. Зутил Force India-Mercedes + 1:45.000
12. Розберг Mercedes + 1 круг
13. Буеми Toro Rosso-Ferrari + 1 круг
14. Алгуерсуари Toro Rosso-Ferrari + 1 круг
15. Ковалаинен Lotus-Renault + 1 круг
16. Глок Virgin-Cosworth + 2 круга
17. Петров Renault + 3 круга

Следната трка се вози следниот викенд на патеката крај Шангај за ГН на Кина.

Ohridnews