Германскиот пилот од редовите на Ред Бул, Себастијан Фетел е победник на трката за ГН Јапонија на Сузука. Фетел го имаше водстовото од почеток до крај и со оваа победа  го задржа теоретски шанси за освојување на првото место во генералниот пласман.


Втор на целта пристигна Јарно Трули пред Луис Хамилтон, ферарито на Кими Раиконен стигна до четрвртата позиција а Нико Розберг до петата, понатаму следуваа Хајфилд, Барикело, Батон.

На две трки до крајот на шампионатот, во генералниот пласман  води Батон со 85 поени пред Барикело кој има 71 и Фетел со 69.

ohridnews