Германскиот пилот од екипата на Ред Бул, Себастијан Фетел ќе стартува од полпозицијата на утрешната трка за големата награда на Кина. За Фетел ова ќе биде трет “пол “ сезонава.


До него во првиот ред ќе стартува неговиот тимски колега од тимот на Ред Бул, Марк Вебер. Во вториот ред ќе бидат Фернандо Алонсо од Ферари и Нико Розберг од Мерцедес.

Третиот стартен ред им припадна на последните двајца шампиони и возачи на МекЛарен. Од петтата позиција ќе стартува Џенсон Батон, а Луис Хамилтон ќе виде веднаш зад него.

Трката е закажана за утре во 9 часот по македонско време.

Ohridnews