Со триумф на Луис Хамилтон заврши трката во Унгарија позната како „Хунгаро Ринг“. Со освојувањето на целиот плен Британецот се одлепи 24 бодови од второпласираниот Себастијан Фетел, кој полека го губи здивот во шампионската трка.

  • На Хунгаро Ринг дојдовме знаејќи дека тука Ферари ќе биде многу брз. На крајот завршивме со бодови кои не ги очекувавме. Тоа е бонус за нас. Презадоволен сум со разврската на последниве неколку трки. Победите едноставно сами дојдоа и без мног мака и се надевам дека и во втората половина од првенството ќе продолжи овај тренд. – изјави победникот во Унгарија, Хамилтон.

Фетел, смета дека Ферари потфрлил и покрај двете места на пиедесталот.  – Многу тешка трка за нас и не сме на онаа позиција која ја очекувавме на оваа патека. Сигурен сум дека можев да му парирам на Хамилтон со тркачкиот ритам. Но со сите овие работи го извлековме максимумот. Имав добар старт и бев изненаден со темпото додека бев на трето место. Тешка беше одлуката за одбирање на тајмингот кога да се влезе во бокс. Имавме мал проблем при сервисот но доволен Ботас да излезе пред мене на патеката. На ваква патека каде тешко се претекнува со ваквиот излез ја изгубив шансата да се борам за прво место. Се обидував да го претекнам и знаев дека ќе имам проблем во последните 10 кругови. Го претекнав во вториот свиок, бев пред него кога ме удри во задниот дел. Среќа што немав некоја голема штета на болидот.

  • Ова беше максимумот што можевме денеска. Стартот не беше идеален и мораме малку да поработиме на овај проблем. После првиот пит стоп го стигнав Ботас но немаше шанса да се помине пред него на оваа патека. Единствена шанса беше да сменам гуми и да се обидам пак. Надокнадив едно место но не беше тоа доволно. Но тоа е. Некогаш е така но сепак добри бодови освоивме и одиме на краток одмор и се вртиме према следните предизвици. – додаде Кими Раиконен околу случувањата на петката.

После трката заседаваше техничкото тело на FIA на тема Валтери Ботас заради двата инциденти. Едниот со Фетел, а другиот со Рикардо. Откако го удри Фетел и го оштети предниот дел на болидот стана лесна мета на Рикардо кој при дуелот се судрија на првиот свиок. Сепак тоа не го спречи Рикардо подоцна да го претекне финецот. За инцидентот со Фетел немаше казна но во вториот случај Ботас беше прогласен за виновен и доби 10 секунди плус на крајното време. Тоа не го чинеше ништо заради тоа што имаше предност од 23 секунди пред Пјер Гасли.

OhridNews