Моменталниот лидер на табелата во светското првенство во F1, Себастијан Фетел, изјави дека следната трка заради временските прилики треба да му одговара на Ферари.
Многу од аналитичарите во овај спорт се сомневаа дека “топлите“ трки ќе го кочат италијанскиот тим но сепак од три трки Фетел победи на две. Германецот во едно интервју истакна дека засега топлите услови на патеката не му штетат на Ферари и дека и покрај повисоките температури неговиот тим ги извади сите перформанси.
“Мислам дека нема да имаме проблеми со временските услови во Сочи каде температурата е многу пониска одколку во Бахреин. Во Кина беше слично па пак бевме конкурентни. Наша задача е да го продолжиме притисокот кон нашите конкуренти, пред све на Луис Хамилтон. Досега ние имавме перфектни тактики и морам на цел тим да им упатам честитки за добро сработената работа“ – рече Фетел.
Деновие една новинарска вест ги вознемири навивачите на Ферари во која се вели дека новиот болид на Ферари е скроен повеќе по мерка на Фетел отколку на Раиконен. Тимот од Маранело излезе официјално со демант но и самиот Кими не се сложи со ваквата новинарска манипулација:
“Да бидам искрен патот пред нас е многу долг. Знам дека требаше од почеток да тргнам со подобри резултати но ете не успеав. Мислам дека има повеќе причини посебно во Кина каде не успеав да спроведам еден дел од тактиката. Но задоволен сум од болидот како се однесува и на сите наши барање тој “одговара“ онака како треба. Во Бахреин имав многу лош прв круг но генерално сум задоволен“ –изјави Кими.
Во однос на истите гласини се огласи и техичкиот директор на екипата Матиа Биното кој рече: “Јас не би рекол дека има нешто што не е во ред со болидот на Кими. Болидот е добар во аеродинамичка смисла но и моторот ги исполнува нашите барања. Сепак нашите возачи се светски прваци и за кратко време и Кими ќе ги покаже свои максимални перформанси“.
Следната трка се одржува како ГН на Русија, во Сочи, а Гран При викендот започнува во петок. Викендот е со следниот распоред:
Петок:
Прв тренинг: 10:00-11:30
Втор тренинг: 14:00-15:30
Сабота:
Трет тренинг: 11:00-12:00
Квалификации: 14:00
Недела:
Трка: 14:00
OhridNews