Германското при во Хокенхајм ќе го предводи Себастијан Фетел кој  шестти пат оваа сезона ќе стартува од пол позицијата, за германецот е трета пол позиција едноподруго, десетта за тимот на Ред Бул. Друштво во првиот ред ќе му прави пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо.


Во обратен редослед ќе тргнат возаците во вториот ред, Маса од Ферари на третата, а Вебер од Ред Бул на четвртата.

Во третиот ред ќе стартуваат болидите на Мекларен , односно на петтата позиција Џенсон Батон и на шестата Луис Хамилтон.

Утрешната трка започнува во 14 часот по македонско време.

Ohridnews