Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Малезија, што денеска се возеше на патеката Сепанг.


Неговиот клубски колега Марк Вебер го освои второто место, додека трет беше Нико Розберг.

За Фетел ова е шеста победа во 46 настапи, прва сезонава.

Конечен пласман на трката за ГН на Малезија:
1. Себастијан Фетел, 2. Марк Вебер, 3. Нико Розберг, 4. Роберт Кубица, 5. Адриан Сутил, 6. Луис Хамилтон, 7. Фелипе Маса, 8. Џенсон Батон, 9. Хаим Алгуерсуари, 10. Нико Хаулкенберг .

Ohridnews