Повремениот македонски репрезентативец Бајрам Фетаи беше стрелец на единствениот погодок на неговиот Лингби во дуелот со поранешниот клуб Норсјалден, кој значеше победа и мирен финиш на лигата. Фетаи кој по втор пат во полусезоната ја тресе противничката мрежа , очекува со добрите игри да се наметне кај селекторот за место во националниот тим за мечот против Ирска на 4 јуни во Скопје.
–
Најважно е за мене добро да се подготвам, бидејќи и самиот не се чувствувам 100 % подготвен. Нормално дека посакувам повик, кој се надевам дека ќе го заслужам со добрите игри во мојт клуб. – вели Фетаи.
Напаѓачот кој е потекло од Тетово, дебитираше за македонската репрезентација на пријателската средба со Албанија (0-0), а беше дел и од селекцијата која загуби од Кина со 1-0. На двете средби остави позитивен впечаток, но поради немање клуб во зимскиот преоден рок беше изоставен од репрезентацијата.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com