Во рамките на Првиот фестивал на францускиот филм, денеска во 16 часот ќе биде прикажан филмот “Синот на пекарот”, работен според сценарио на Флоранс Вињон, а во режија на Ерик Гирардо.
Од 18 часот и 30 минути, охриѓани ќе имаат можност да го проследат 95-минутниот филм “Насмевката на мама”, а од 21 часот на фестивалскиот репертоар е играниот филм ” Близок непријател” кој зборува за двајца војници од војната во Алжир во далечната 1959 година.
Проекциите ќе се прикажуваат во Центарот за култура “Григор Прличев”.
Ohridnews