Со концерт на францускиот гудачки квинтет „Ѓаволски трилери“ и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ, вечерва од 21 часот на Антички театар, фестивалот „Охридско лето“ ќе го прослави 54 роденден.
Историјата на најголемата и најзначајна културна манифестација во земјата, започна на денешен ден во 1961 година со концерт на извонредната оперска певица Ана Липша – Тофовиќ во катедралната црква Св. Софија. Оттогаш наваму во историјата на фестивалот со златни букви се запишале плејада врвни музичари, актери и режисери, кои „Охридско лето“ го издигнаа во самиот врв.
Фестивалот од 1993 година е член на Европската асоцијација на фестивалите, и важи за еден од најпрестижните на стариот континент.
OhridNews