Почнувајќи од оваа година, фестивалот Охридско лето ќе произведува сопствено вино. Брендот ќе биде „Охридско лето“, а виното ќе го произведуваат винариите кои ќе имаат најдобра понуда.
Годинава виното „Охридско лето“ ќе го произведува винаријата „Сковин“, изјави за Ohridnews, директорот на фестивалот, Тони Симоноски. На овој начин сакаме да воведеме една нова традиција и да им овозможиме на уметниците и гостите на фестивалот од Охрид да понесат автентичен спомен, вели Симоноски.
Симоноски не информираше дека дизајнот на етикетата и шишето е готов и дека наскоро ќе започне производството на специјалното вино со брендот на „Охридско лето“.
ohridnews