Фестивалот Охридско лето за прв пат ќе издаде поштенска марка по повод јубилејот 50 години од постоењето.

– На марката ќе бидат поместени мотиви од внатрешноста на катедралната црква Св. Софија, што го симболизира создавањето на фестивалот, а на неа ќе го има и логото на манифестацијата, ни изјави Тони Симоноски, директор на „Охридско лето“.

Проектот фестивалот го реализира во соработка со Македонски пошти, а марката ќе биде промовирана во јуни.

Покрај печатењето на поштенска марка од фестивалската управа најавуваат и повеќе други проекти со кои достоинствено ќе биде одбележан големиот јубилеј.

Ohridnews