Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово. Сочувствуваме со нивната болка. Воедно информираат дека фестивалот само ќе се снима, бидејќи се простигнати веќе изведувачите.

Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост, додаваат од Советот на Охрид Фест.

Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати.

OhridNews