Фестивалот „OHRID CALLING“ оваа година нема да се одржи, соопшти организаторот „Авалон Продукција“.
Иако Комисијата за заразни болети во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, имајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме „OHRID CALLING“ да го одложиме за следната година, информираат од „Авалон“.
Периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното петто издание на „OHRID CALLING“ ќе биде три дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид. – информираат од „Авалон“.
Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година – обединети, порачаа од „Авалон Продукција“.