Фестивалот на вино и сирење што традиционално веќе неколку години се организира на плоштадот кај Чинарот оваа година привлече многу помалку производители, но и посетители.

Само дваесетина производители на вино и сирење, главно од охридско-стѕрушкиот регион, ги изложија своите производи на штандовите во Охрид, а годинава далеку помал беше и бројот на посетителите.

Се чини дека фестивалот не беше соодветно најавен, но пред се тајмингот за неговото одржување не е најдобро избран, бидејќи главната туристичка сезона во Охрид заврши и бројот на гостите е многу помал.

Сепак оние кои го посетија фестивалот можеа да вкусат убави вина и сирења и да се забавуваат со музичките гости.


Отворен фестивалот на вино и сирење во Охрид

текст:Г. Момироски
фото: Н. Главинчески