Во рамки на двете последни вечери од годинешното издание на Фестивалот на француски филм предвидени се уште две проекции.

Станува збор за филмови на годинешниот добитник на наградата „Златна маска“ за животно дело, режисерот Паскал Тома. Како што е најавено, Тома, денес и утре ќе присуствува на проекциите на неговите филмови.



Денес, со почеток во 21 часот ќе се прикажува неговиот најнов филм од 2010 год. “Голема љубовна приказна”, кој не е во конкуренција за награди. Главните улоги ги толкуваат: Жилиен Доре, Марина Хандс, Гијом Галиен, Пол Мент, Кристијан Морен.

Утревечер, со филмот „Врапчето ми кажа“, свечено ќе биде затворено годинешното, трето по ред, издание на фестивалот. При тоа, на режисерот Паскал Тома ќе му биде врачена Златната маска за животно дело.

Ohridnews