Со „Недела на италијанскиот филм” вечерва на Летната сцена во Струга започнува Второто издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија „Festival on Wheels 2015”. Љубителите на филмската уметност од Струга, како и многубројните гости во овој град викендов ќе имаат можност да уживаат во изборот на филмови од новата италијанска продукција, кои својата проекција ќе ја имаат под отворено небо.
Вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот Shun Li and the poet, во режија на Андреа Сегре, со Раде Шербеџија во главната улога, а од 21:30 часот Ritual-a Psyhomagic story од Џулија Брацале и Лука Имеси, во кој во главните улоги настапуваат Дезире Џорџети и Иван Франек.
Утре со почеток од 20 часот ќе биде прикажана комедијата Song E’ Napule од Марко и Антонио Манети, а од 21:30 публиката на Летната сцена ќе има можност да го погледне Moonwalking Distance од Франческо Калабрезе и Енрико Ауденино, со Ремо Гироне и Стефанија Касини во главните улоги.
Фестивалот е во организација на Катавеј од Скопје со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и во соработка со Домот на Култура „Браќа Миладиновци’’ од Струга.
И оваа година фестивалот ќе има свои изданија во пет градови во Македонија – Струга, Дојран, Штип. Куманово и Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.
OhridNews