Уште една вечер исполнета со многу забава и добро расположение надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна понуди годинешното издание на Фестивалот на виното во Охрид.
Охриѓани и туристите уживаа во изведбите на Урбан планет, Некст тајм, Брас брадрс и незаменливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Бројните посетители и на втората фестивалска вечер се показател дека на градот, пред се како туристичка дестинација, му се повеќе од потребни манифестации од овој тип за збогатување на понудата и привлекување на туристи.
Тридневниот Фестивал на виното завршува вечерва, а на прогрмата се настапите на охридскиот бенд „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски. И вечерва за хуморот се задолжени Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.
Н.С.Ј.