Дваесетина производители од земјава ќе ги промовираат своите производи на Фестивалот на вино и сирење што денеска започнува во Охрид.
Манифестацијата што ја организира Федерацијата на фармери со подршка на локалната самоуправа ќе се одржи на плоштадот кај стариот Чинар.
Годинава за разлика од лани фестивалот ќе се одржи по завршувањето на главната туристичка сезона, што според организиаторите ќе биде мал хендикеп. Тие најавуваат дека во иднина ќе настојуваат фестивалот да се одржува во текот на туристичката сезона, а покрај домашни да бидат поканети и производители на вино и сирење од странство.
ohridnews