На оваа оригинална дегустаторско-продажна манифестација свои производи ќе изложат 20-тина мали производители на вино и сирење чија препознатливост е високиот квалитет и пристапните цени, соопшти локалната самоуправа.
Фестивалот на сирење и вино ќе се одржи на плоштадот кај Чинарот.Според организаторите, овој фестивал ги има сите предуслови на своевиден мини-саем и во наредните години, бидејки и досегашните искуства укажуваат на неговата корисност и за производителите и за купувачите. На последниот фестивал за два дена беше остварен промет од околу 20 илјади американски долари.