На 21 и 22 август на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во Охрид ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2015.

Оваа година покрај локалните производители на вино и сирење, учество ќе земат и производителите од регионот Корча, Република Албанија. Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења.

Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците од бизнис секторот.

Фестивалот се организира во соработка на општина Охрид со прекуграничниот регион Преспа, а е дел од програмата на ABDA која се спроведува преку Regional Rural Development Standing Working Group (SWG) во Југоисточна Европа.

Според најавите, презентацијата и дегустација на производите ќе биде збогатена со музичка програма за која ќе бидат задолжени групите Smoke Shakers, Bettyss Boobs, Backdoor Band и Eruption.

OhridNews