Фестивалот на скулптури од мраз во белгискиот град Бриж привлекол бројни посетители. На фестивалот биле изложени 74 скулптури од мраз кои ги изработиле 30 уметници од целиот свет. За скулптурите биле потрошени 300 тони мраз и 400 тони снег.


Изложени биле скулптури на ѕвезди како што се Мерлин Монро и Елвис Присли и скулптури на светски споменици и важни историски личности. Фестивалот за посетителите ќе биде отворен до 16 февруари 2011 година.