Фестивал на подводни филмови од денес до 11 септември се одржува во Скаут камп – Струга за сите љубители на подводните спортови.
Ќе бидат прикажани филмови од приватните колекции на реномирани автори на филмови снимени под вода. Фестивалот ќе го отвори Васко Тодоров со неговиот филм „Океаника“ добитник на награда за камера 2009, на Силвер Шарк Фестивал (Silver Shark Festival) во Киев, информираат организаторите.
Официјалното отворање на фестивалот е во 19 часот денес. Во текот на неколкудневната програма предвидени се повеќе активности вклучувајќи јога, нуркање, кајакарење, додека вечерните термини се резервирани за филм.
OhridNews