Во Минск, главниот град на Белорусија, минатиот викенд бил одржан првиот фестивал на огнот. Најмногу имало млади изведувачи, кои нашминкани и облечени во интересни костими на публиката и го покажале своето знаење.

Освен вртењето со огнени топки, вниманието на публиката било привлечено и од голтачи на пламен и танчери со различни запалени реквизити кои правеле неверојатни облици во воздухот.