Режијата е на Радослав Радивојевиќ, музиката на Ненад Неделјковиќ, костимите се на Јованка Михајловиќ иВесна Младеновиќ, а сецнографијата е на Александар Михајловиќ иРадослав Радивојевиќ. Во претставата настапува комплетниот ансамбл на театарот од Врање.
Јован Стерија Поповиќ како драмски писател во своите текстови јасно го покажува своето уверување дека интелегенцијата е крива и водачите на народот за злото што може да му се случи. Народот е подвргнат до крајот на сугестиите на своите водачи своите лаги и паралаги.Кај Стерија се оцртува завештајот за следните генерации: народот не е крив, криви се водачите, крива е интелегенцијата.
Музичката комедија „Покондирена тиква“ ќе биде изведена во Центарот за култура во 21ч.
Прилепскиот театар го отвори фестивалот на Комедијата