НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на Германија организираат Фестивал на новиот германски филм.

Свечено отворање на фестивалот е во сабота, 18-ти октомври, со филмот „Родители“ (трагикомедија). Почетокот на проекцијата е во 20 часот.

Потоа следат:
Недела19-ти октомври 2014, филмот „Фак ју Гете“-комедија, „Рики“ детски филм (11.00 часот)
Понеделник 20-ти октомври 2014 „Паркот на среќата“-драма, „Рики“ детски филм, (11.00 часот) 
Вторник 21-ви октомври 2014 документарецот „Германија од горе“ 

Почеток на кино проекциите е во 20 часот.

Влезот е слободен.

OhridNews