Фудбалерите на Црвена Ѕвезда заедно со уште 18 000 навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ја прославија титулата освоено во српскиот фудбалски шампионат. Да биде славјето уште подобро се погрижија самите фудбалери, кои, со 2-1 славеа над Пролетер.
Шампионската фешта во Белград не е ништо ново, но доаѓа во време на пандемијата од вирусот Ковид -19 и затоа предизвика големо внимание кај светската јавност. Во Србија продолжи и ќе заврши фудбалскиот шампионат, а неодамна земјата беше домаќин на тениски турнир организиран лично од Новак Ѓоковиќ.
OhridNews