Селекцијата на Бразил ја освои титулата на Копа Америка. „Кариоките“ во финалето на легендарниот стадион „Маракана“ ја совладаа репрезентацијата на Перу со 3-1 (2-1).
Бразилците, стрпливо го почнаа мечот, барајќи конкретна прилика да се загрози голот на Перу.Во 15-та минута иницијативата беше крунисана со погодок кој го постигна Евертон. Перу не отстапи од својот стил на игра и покрај негативата. На минута пред крајот на првиот дел, Перу, преку Гереро изедначи 1-1 кој погоди од белата точка. Радоста на Перу кратко траеше, откако Габриел Жесус во судиското продолжение погоди за 2-1 и ја врати предноста на Бразил. Во 90-та минута, Ричарлсон од пенал ја запечати победата и ги постави конечните 3-1.
Новата титула за Бразил е вкупна деветта во историјата на Копа Америка, додека Перу нема по добро да го памети првото учество во финалето.
OhridNews