Најтрофејниот македонски клуб Фершпед Работнички е новиот кошаркаски владател. “Шпедитерите“ до титулата стигнаа откако од тронот го симнаа бранителот Фени Индустри.


Шестиот натпревар во серијати го добија со 76-66 и со 4-2 ја добија финалната пресметка. За Ф.Работнички ова беше 14-та титула во 17 – одиграни првенства.

М.П.