Наградата за менаџер на годината во Премиер лигата од страна на тренерската асоцијација замина во рацете на Јирген Клоп. Германецот комплетно го заслужи признанието откако со Ливерпул после пауза од 30 години ја освоија титулата во Англија.

Клоп прва честитка за освојување на награда доби од легендарниот менаџеро на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, под чие име се вика и доделува признанието.

Клоп честито! Ја заслужи оваа награда. Игрите на твојот тим беа неверојатни. Ќе ти простам што ме разбуди во 3:30 наутро да ми кажеше дека си ја освоил титулата. – изјави Фергусон во видео обраќањето.

За Клоп ова беше прва титула од Премиер лигата, додека Фергусон во текот на 26-годишниот мандат на Олд Трафорд освои неверојатно 13 титули во најдобриот англиски шампионат.

OhridNews

.