Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон заслужено ужива во пензионерските денови. Шкотскиот стратег од сенка знае да направи потег со кој ќе се издвои од другите менаџери и ќе потсети зошто се вбројува во потесниот круг на најдобри тренери во фудбалот.
Фергусон му испратил охрабрувачка порака на менаџерот на Сауптемптон, Ралф Хазенхитл после поразот 9-0 од Лестер. Информацијата ја потврди предводникот на „светците“, кој рече дека пријатно се изненадил од потегот на Фергусон.
Добив СМС порака од Алекс Фергусон, а не го познавав. Да не загубев со 9-0 никогаш немаше да имам контакт со него и тоа беше една позитивна работа од тој пораз. Тоа навистина ми помогна и ми даде надеж во тие моменти. Ќе морам да живеам со тој резултат целиот мој живот, но на крајот победивме со 2:1 и приказната на крајот беше добра и ми помогна да добијам искуство. – изјави Хазенхитл.
Саутемптон и Хазенхитл заеднички го пребродија поразот од Лестер. Потоа, нанижаа победи против водечките екипи од табелата, а подоцна им реваншира на „лисиците“ со победа (1-2) на „Кинг Пауер“ стадионот.
OhridNews