Манчестер Јунајтед “падна“ на првиот шампионски тест откако беа поразени на Стемфорд Бриџ од Челси со 2-1. “Црвените ѓаволи“ со погодокот на Руни го завршија првото полувреме во нивна полза, “сините“ со погодоците на Давид Луиз и Лампард од пенал го свртија резултатот и крајот на Премиер Лигата го направија мошне интересен.


Одигравме добар натпревар и не заслуживме да го напуштиме Стемфорд Бриџ со наведнати глави. Горд сум на моите фудбалери во последно време издржаа многу погрешни одлуки на своја кожа. Во натпреварот створија доста прилики за погодок и повторно ќе нагласам не заслуживме да изгубиме – смета Фергусон.


Менаџерот на Манчестер Јунајтед бурно реагираше на неколку одлуки на главниот арбитар Мартин Еткинсон.

Ова е трета година по ред на Стемфорд Бриџ да има сомнителни одлуки во корист за домаќинот. Неверојатно е како не го виде прекршокот на Давид Луиз над Вејн Руни во вториот дел, кога одбрамбениот фудбалер на Челси требаше да добие втор жолт автоматски црвен – заврши Фергусон.