Менаџерската смена во Манчестер Јунајтед донесе позитивна атмосфера на Олд Трафорд. Оле Гунар Сослкјаер дебитираше со убедлива победа (5-1) на дуелот со Кардиф и го фрли во заборав Жозе Мурињо кој доби отказ во вторникот.

Новиот стратег на клупата од „црвените ѓаволи“, Солскјаер ќе има можност да учи од Сер Алекс Фергусон кој ќе има менторска улога. Солскјаер изјави дека сите заслуги за неговиот успех во фудбалот се од легандарниот Шкотланѓенец кој имаше незаборавна кариера на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед планира да врати уште една клупска легенда. Голманот Питер Шмајхел ќе ја заземе улогата на спортски директор и заедно со Ед Вудвард ќе бидат одговорни за играчите и се што е поврзано на спортски план со клубот.

„Црвените ѓаволи“ после заминувањето на Фергусон во пензија не наликуваат на себе, а можеби Солскјаер со помош од горенаведените ќе го врати шампионскиот сјај на Манчестер Јунајтед.

OhridNews