Сер Алекс Фергусон беше на трибините на натпреварот Интер – Милан за во живо да го гледа наредниот противник на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампиони.
Ова не е прв пат Фергусон во живо да го гледа Горан Пандев. Легендарниот менаџер на “бебињата“ го следеше и натперварот Шкотска – Македонија во Глазгов во рамките на квалификациите за СП 2010 година. Тогаш Пандев има серија прилики но не успеа да ја погоди мрежата. Овај пат тоа му појде од “нога“ . Еден ден кој знае можеби Манчестер Ј, зошто да не…
М.П.