По избегнувањето да ги коментира гласините за својата бременост, кои се појавиле на почетокот на овој месец, пејачката Ферги и нејзиниот сопруг Џош Дахамел потврдиле дека го очекуваат своето прво дете. Пејачката веста ја објавила на Твитер, ставајќи свои и фотографии на сопругот од периодот кога биле деца.
Нејзиниот сопруг исто така преку интернет ја објавил среќната вест, но преку Фејсбук. На своите пријатели им рекол дека улогата на татко ќе биде негово најголемо животно достигнување.