Познатиот холивудски пар, пејачката Ферги и актерот Џош Духамел прославиле пет години брачен живот. Парот се запознал кога групата на Ферги “Black Eyed Peas” гостувала во серијата „Лас Вегас“ во кога Џош игра една од главните улоги. Продуцентите на серија на инсистирање на актерот кој претходно ја видел Ферги во спотот “Hey mama” ја довеле пејачката да гостува во серијата.
После неколку години минати во врска, популарниот пар решил да основа семејство. Ферги го родила нивното прво дете во август, за набрзо потоа фотографиите на малиот Аксел Џек да го преплават интернетот. Атрактивниот пар важи за еден од постабилните парови во Холивуд.