Една млада британка направила реплика на спортската верзија на автомобил марка Ферари во природна големина. Возилото било исплетено од црвена волна и ги поседува сите карактеристични детали на автомобилот.


И биле потребни 10 месеци, а младата Лорин Портер имала помош од семејството и пријателите. Потрошила 20 километри волна, односно цели 250 клопчиња. Основата на нејзиното дело е составена од метална конструкција. Мажите биле импресионирани од линиите на возилото, додека жените од начинот на плетењето.