Италијанскиот тим одлучи за слетната трка во Силверстон да настапит со нова спецификација на погонска единица. Според новинарот Џејмс Ален, возачите на Ферари ќе го запалат најновиот мотор што би бил трет по ред мотор за Фетел и Раиконен.

Според последните информации, моторот ќе е спремен да ги помине сите директиви на FIA кои се однесуваат на силата, рестрикцијата како и процесот на согорување на маслото кое генерира повеќе сила. Исто така моторот би требало да и` помогне и на аеродинамиката на болидот со што Ферари би бил уште по конкурентен во борбата со Мерцедес.

Трката се одржува следниот викенд како ГН на Велика Британија и ќе се вози на Силверстон. Истовремено има најава дека Британскиот визачки клуб, кој е и сопственикот на патеката, ќе поднесе барање за напуштање на F1 натпреварите. Тоа значи дека ако не се постигне нов договор со новиот сопственик на првенството, Либерди Медија, 2019 година ќе биде последна за оваа патека.

OhridNews