Фудбалската школа Фер Плеј од Охрид со екипата помлади петлиња (родени 2004 година и помлади) обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири во Купот на Македонија.

Фер Плеј во реваншот со тимот на Фортуна изгуби 1-0, но убедливиот триумф (5-1) во првиот натпревар се покажа доволен за пласман во фудбалскиот крем во Македонија.

Потенцијални противници на охридската фудбалска школа во 1/2 финалето се Вардар, Шкендија и Њу Старс. Полуфиналните мечеви ќе се одиграат во пролетната полусезона.

Со фудбалерите од 2003 генерација (поголеми петлиња) Фер Плеј застана во 1/4 финалето, откако во реваншот изгуби 5-0 од Милано. Првиот меч охридската фудбалска школа го доби (2-0) на домашен терен.

OhridNews