Охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ со екипата од 2003-та година триумфираше на меѓународниот турнир во Бургас, Бугарија.

„Виолетовите“  во финалето го совладаа домаќинот „Барса БГ“ со убедливи 4-0 и го освоија златниот медал. Претходно во 1/2 финалето “ферплејците“ подобри беа од екипата на Стеуа од Романија.

Покрај златниот медал охридската фудбалска експедиција ги собра индивидуалните награди. За најдобар фудбалер прогласен беше Леонид Џајкоски додека за најдобар голман „единицата“ Ѓоко Бешироски. 

„Фер Плеј“ на охридската фудбалска мапа постои три години во кои имаат нанижано многу успеси и нескромно го збогатуваат охридскиот фудбал.

Мх.П.