Фудбалската школа „Фер Плеј“ од Охрид учествува со најголем број екипи во Детската фудбалска лига во југозападниот регион и успешно се натпреварува.
– Детската фудбалска лига е нешто што можеше само да посакува Охрид. Вакви натпревари им се потребни на дечињата бидејќи бидејќи тие само вака ќе можат да напредуваат. Ние со сите сили ја поддржуваме Детската лига и така ќе продолжиме во иднина – рече Марјан Настоски, тренер на „Фер Плеј“.
Во сите генерации „виолетовите“ имаат преставник, а во 2004 дури три екипи кои се натпреваруваат.
Мх.П.