Охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ со заедничко дружење и фудбал меѓу родителите и дечињата во спортскиот центар „Климент Колески“ ја испрати 2014 година.
„Виолетовите“ зад себе имаат повеќе од успешна година учествувајќи и победувајќи на турнири во Охрид, Македонија и странство.
Од фудбалската школа најавуваат дека следната година ќе продолжат онаму каде што застанаа во 2014 година.
Мх.П.