Екипата на Фер Плеј до 14 години силите во полуфиналето во Купот на Македонија ќе ги одмери со скопски Вардар.

Охриѓани првиот меч ќе го одиграат на домашен терен на 4 април, додека реваншот на 2 мај во Скопје. Фер Плеј за пласман помеѓу ТОП 4 го елиминираше Милано.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шкендија и Њу Старс.

OhridNews