Охридската екипа „Фер Плеј“ го освои првото место во генерацијата 2006 година на детскиот турнир во мал фудбал.
Во финалето „виолетовите“ со 2-0 го совладаа тимот на Тотал Фудбал од Ресен, а претходно во полуфиналето поуспешни беа од Еврофудбал со идентичен резултат.
Третото место им припадна на Талент од Битола кои во малото финале славеа над Еврофудбал.
Најдобар стрелец на турнирот со шест погодоци беше Стефан Бујароски од тимот на Фер Плеј.
В недела на програмата се мечевите од 2004 генерација додека в понеделник ќе се одиграат натпревите од 2002 генерација.
Мх.П.