Охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ со различни генерации освојуваше златни одличја на турнири во Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Жетвата на медали на „виолетовите“ започна во босанскиот град Брчко каде со 2003 победија на турнирот.
Доминацијата на охриѓани на турнирот беше преточена во индивидуалните награди за најдобар играч и стрелец за Никола Димтровски.
На истиот турнир во 2005 генерација за најдобар играч беше прогласен Мартин Георгиевски, но екипата не успеа да се закити со медал.
Затоа, истата генерација триумфираше во Штип, а играч на турнирот беше членот на Фер Плеј, Стефан Ковачески.
Успешен настап „виолетовата“ експедиција со најмалата генерација 2007 година имаше во Хрватска освојувајќи го златниот медал. И индивидуалните награди не изостанаа па со признание за најдобар голман на турнирот се закити Павел Ристески и за најдобар стрелец Андрес Тутурески.
На 14-ти овој месец со надежната 2003 генерација охриѓани заедно со битолски Талент ќе заминат на турнир во Малме, Шведска додека на 20 мај со 2005 ќе учестуваат на турнир во Виена по покана на домаќинот.
Мх.П.