Викендов Фудбалската школа при ФК “Фер Плеј“ ги продолжува натпреварите во детската фудбалска лига во Скопје организирана од Детската фудбалска асоцијација и тоа во генерациите 2003,2002 , 2001, 2000 и 1998.


За пролетва се планирани седум патувања како и учество на завршниот дел од Лигата во која младите охриѓанчиња ќе се натпреваруваат во конкуренција со Работнички, Вардар, Слога, Металург, Македонија, Шкендија, Борец, Форца ..

Лани ФК ’Фер Плеј’  го освои 4 место во генерацијата 2001,  а голманот Петар Толевски беше прогласен за најдобар во својата конкуренција.


Од ФК “Фер Плеј“ ја истакнуваат и одличната соработка со локалната самоуправа и градоначалникот која треба да биде крунисана во наредниот период со гостување во Р.Србија кај Радницки Крагуевац , екипа која во Октомври беше на гости во Охрид .

НАЈДОБРОТО ЗА ДЕЦАТА е нивното мото бидејќи тие тоа навистина го заслужуваат…

М.П.