Ракометарите на Вардар забележаa победа на отварањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Целје тие славеа над истоимениот противник со 27:26. 

До победата македонскиот вицепрвак стигна потешко од очекувањата, а најзаслужен за неа беше голманот Арпад Штербик кој мечот го заврши со 21 одбрана.

Целје во првото полувреме имаше шест голови предност, но по серијата одбрани на Штербик, Вардар со серија од 7:0 го презеде водството, а на одмор се замина со 12:12.

Во текот на второ полувреме домаќините имаа константна предност од 1 до 2 гола се до самиот финиш, кога Вардар успеа да го сврти резултатот, а феноменалниот Штербик со неверојатни интервенции во клучните моменти му ја обезбеди победата на македонскиот тим, во кој блирираше извонредното крило Дибиров, а одлична партија пружија уште и Прибак и Душебаев.

Вториот наш претставник во Лигата на шампиони Металург, утре во Скопје се среќава со супер силниот ПСЖ.

OhridNews