Фудбалерите на Интер ги запишаа првите три бодови на табелата во „калчо“ лигата совладувајќи ја Фиорентина на Џузепе Меаца со 4-3. „Нероазурите“ до триумфот стигнаа со фантастичен пресврт во последните 5 минути од натпреварот кога од 2-3 сврте на 4-3.
Стрелец на четвриот погодок за Интер беше Д`амбросио, а на 3-3 изедначи Ромелу Лукаку. Претходно, Фиорентина водеше 1-0, додека Интер поведе со 2-1.
Резултати:
Торино – Аталанта 2-4
Каљари – Лацио 0-2
Сампдорија – Беневенто 2-3
Интер – Фиорентина 4-3
OhridNews